Вооружен напад пред синагога во градот Хале во Германија: Убиени се најмалку две лица

Полицијата во градот Хале во објавеното соопштение на социјалната мрежа Твитер истакна дека напаѓачите избегале од местото на настанот со возило

1284896
Вооружен напад пред синагога во градот Хале во Германија: Убиени се најмалку две лица

Во реализиран вооружен напад пред синагога во градот Хале во покраината Долна-Саксонија во Германија загинаа најмалку две лица.

Полицијата во градот Хале во објавеното соопштение на социјалната мрежа Твитер истакна дека напаѓачите избегале од местото на нападот со возило.

Во соопштението се упатува повик до народот да останат во своите домови и да чекаат во безбедни места, а воедно се вели дека полицијата трага по напаѓачите.

Во веста објавена во весникот „Билд“ исто така се истакнува дека вооружениот напад е извршен пред синагогата во Маалото Маулус.

Во веста се вели дека била фрлена и рачна бомба на еврејските гробишта и се споделува информацијата дека напаѓачите избегале во правец на Лајпциг.



Слични вести