Хофман: „САД се повлекоа од патот на евентуалната операција на Турција на северот на Сирија“

Министерството и натаму е на страната на ставот дека за зачувување на стабилноста во Сирија

1284288
Хофман: „САД  се повлекоа од патот на евентуалната операција на Турција на северот на Сирија“

Портпаролот на Министерството за одбрана на САД Џонатан Хофман рече:

„Со цел да ја обезбедиме безбедноста на американските војници на северот на Сирија, се повлековме од патот на евентуалната операција на Турција“.

Хофман остро реагираше на тврдењата дека американскиот претседател Доналд Трамп не се советувал со Пентагон во врска со повлекувањето на американските војници во одредени подрачја на северот на Сирија наспроти евентуалната операција на Турција на овие територии.

„Покрај погрешните информации кои беа објавени во медиумите, претседателот Трамп во врска со ситуацијата на северот на Сирија како и напорите за обезбедување на безбедноста на американските војници се советуваше со министерот Марк Еспер и началникот на генералштабот генералот Марл Мили“.

Хофман во изјавата го изнесе следното:

„Министерството и натаму е на страната на ставот дека за зачувување на стабилноста во Сирија, најдобро решение е формирање безбедни зони. За жал Турција избра да преземе едностран чекор. Со цел да ја обезбедиме безбедноста на американските војници на северот на Сирија, се повлековме од патот на евентуалната операција на Турција. Моментално нема никакви промени од аспект на нашето воено присуство во Сирија“.



Слични вести