Песков: Се сомневаме во тоа дека американските војници ќе се повлечат од северниот дел на Сирија

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека не располагаат со информации за тоа дали САД ги повлекуваат своите воени единици од северниот дел на Сирија

1284008
Песков: Се сомневаме во тоа дека американските војници ќе се повлечат од северниот дел на Сирија

Портпаролот на Кремљ (претседателскиот дворец на Русија) Дмитриј Песков изјави за новинарите во главниот град Москва дека никој не ја информирал Русија во однос на повлекувањето на војниците на САД од северниот дел на Сирија.

Песков истакна дека не располагаат со информации за тоа дали САД ги повлекуваат своите воени единици од северниот дел на Сирија.

Велејќи дека Русија се сомнева во тоа дека воените едници на САД ќе се повлечат од регионот, Дмитриј Песков рече: „Засега не знаеме кои единици ќе се повлечат оттаму, колку ќе изнесува нивнуиот број и дали се повлечени или не. Знаете дека од различни делови на дветот се дадени непотврдени изјави во однос на тоа дали војниците се повлечени. Затоа мошне внимателно ги следиме случувањата во регионот.“ 

Освен тоа, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков информира дека рускиот претседател Владимир Путин не контактирал со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп.

Правејќи проценка и на изјавата на амеирканскиот претседател Доналд Трампво однос на тоа дека работат на нови оружја, Песков рече: „Русија нема да влезе во оваа потенцијална трка во вооружување.“

 



Слични вести