Парадоксот во главата на републиканскиот сенатор Линдзи Грахам во врска со терористичката ЈПГ/ПКК

Републиканскиот сенатор Линдзи Грахам за време на еден дијалог во 2015 година со тогашниот секретар за одбрана Ештон Картер, застануваше во одбрана на праведноста на Турција по прашањето на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК

1283511
Парадоксот во главата на републиканскиот сенатор Линдзи Грахам во врска со терористичката ЈПГ/ПКК

Републиканскиот сенатор на Соединетите Американски Држави (САД) Линдзи Грахам е во парадокс во својата глава по прашањето на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Грахам застана во одбрана на тоа дека американскиот претседател Доналд Трамп нема да даде поддршка на евентуалната операција којашто Турција ќе ја реализира во северниот дел на Сирија и стана едниот од имињата кои покажаа најостра реакција на изјавата на Трамп во врска со тоа дека ќе ги повлече американските војници од регионот.

Линдзи Грахам истакна дека оваа одлука како што рече „не е рационална“.

Тој терористите на ЈПГ/ПКК ги окарактеризира како „курдски сили кои им помогнаа на САД да ја победат ДЕАШ“, а воедно одеше и понапред и се закани со спроведување „санкција“ против Турција доколку реализира операција во северниот дел на Сирија.

Меѓутоа, е врежано во  мемориите и тоа како Грахам за време на еден негов дијалог на една седница во Конгресот на САД во 2015 година со тогашниот секретар за одбрана Ештон Картер, застануваше во одбрана на праведноста на Турција по прашањето на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Тогаш, републиканскиот сенатор Линдзи Грахам укажуваше на тоа дека во извештаите со кои што располагаат САД се утврдува врската на ПЈД/ЈПГ со ПКК и до тогашниот секретар за одбрана Ештон Картер го упатуваше прашањето „Добро, дали од аспект на турската влада ПКК не е терористичка организација?“

На одговорот на Картер „ПКК не е само терористичка организација за Турција, туку е терористичка организација и за администрацијата на САД“, Линдзи Грахам ги употреби следните зборови: „Добро, дали е зачудувачко тоа што Турците ни се лути поради тоа што ја наоружуваме ЈПГ во Сирија, која е во толку блиска врска со ПКК?“ 

Тогаш, републиканскиот сенатор на САД Линдзи Грахам го велеше следното: „Само што се вратив од Турција. Ова прашање (наоружувањето на ЈПГ/ПКК од страна на САД) претставува проблем за нив. Мислат дека тоа е најглупавата идеја во светот и јас сум на исто мислење со нив. Добро, ако сте заинтересирани за тоа, 'Зошто Турција е налутена?', причината е тоа што наоружуваме една терористичка организација која води вооружен судир со турската влада во Сирија.“

 



Слични вести