Во два едновремени терористички напади во Чобанбеј и Азез на северот на Сирија се ранети 14 лица

Во месноста Чобанбеј кај населеното место Ел Баб и во Азез во северниот дел на Сирија кои се наоѓаат во подрачјето на операцијата Еуфратски штит, веднаш наспроти градот Килис во Турција, се реализирани два едновремени терористички напади

1283397
Во два едновремени терористички напади во Чобанбеј и Азез на северот на Сирија се ранети 14 лица

Во едновремени терористички напади во месноста Чобанбеј и населеното место Азез коишто се наоѓаат под контрола на сириските опозиционери, во северниот дел на Сирија, се ранети 14 лица меѓу кои има и цивили.

Во месноста Чобанбеј кај населеното место Ел Баб и во Азез во северниот дел на Сирија кои се наоѓаат во подрачјето на операцијата Еуфратски штит, веднаш наспроти градот Килис во Турција, се реализирани два едновремени терористички напади.

При експлозија на бомба поставена во возило на Сириската национална армија (СНА) во центарот на месноста Чобанбеј, во близина на границата со Турција се ранети 6 лица.

На еден контролен пункт во западниот дел на населеното место Азез пак, беше реализиран самоубиствен напад со мотоцикл бомба.

Во овој напад се ранети 8 цивили, а загина и терористот од чија страна беше извршен нападот.

Ранетите се префрлени на лекување во блиските здравствени центри.

Засега никој не ја презеде одговорноста за овие два едновремени терористички напади, меѓутоа безбедносните сили стојат на можноста дека се реализирани од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.



Слични вести