Вчера во Тунис, Косово и Португалија се одржаа парламентарни избори

На изборите во Тунис победи Движењето Нахда со 17,5 отсто.

1282895
Вчера во Тунис, Косово и Португалија се одржаа парламентарни избори

Според првичните и неофицијални резултати, на изборите во Тунис победи Движењето Нахда со 17,5 отсто.

На изборите во Португалија победи Социјалистичката партија.

По Арапската пролет ова се трети избори во Тунис.

На изборите се натпреваруваа 15 илјади кандидати за 217 пратенички места.

Според резултатите од гласачките кутии, Движењето Нахда со 17,5 отсто освоени гласови е прва партија на изборите.

Партијата „Срцето на Тунис“ чиј лидер е газдата на медиумите Небил ел Карвил и се наоѓа во затвор освои 15,6 отсто од гласовите и се најде на второ место.

Учеството на граѓаните изборите во Тунис кој бори 7 милиони 800 илјади избирачи достигна 41 отсто.

Вчера предвремени парламентарни избори се одржаа и на Косово.

За 120 прат5енички места во Собранието на Косово се натпреваруваа 1067 кандидати.

Во земјата има околу 2 милиони регистрирани избирачи од кои само 29,28 отсто гласаа на изборите. Во земјата се спроведува изборен праг од 5 отсто.

По оставката на премиерот Рамуш Харадинај во јули, на Косово беше усвоена одлука за одржување предвремени избори.

Вчера се одржаа избори и во Португалија.

Од 21 политички партии на изборите победи Социјалистичката партија.



Слични вести