Билансот на жртвите во антивладините протести во Ирак се зголеми на 104 лица, а 6.107 се повредени

Портпаролот на ирачкото МВР Саад Маан истакна дека во антивладините протести кои што продолжуваат од 1 октомври наваму животот го загубија вкупно 104 лица меѓу кои има цивили и припадници на безбедносните сили, а 6.107 лица се повредени

1283026
Билансот на жртвите во антивладините протести во Ирак се зголеми на 104 лица, а 6.107 се повредени

Во антивладините протести во Ирак коишто продолжуваат од 1 октомври досега животот го загубија 104 лица, а 6.107 лица се повредени.

Портпаролот на ирачкото Министерство за внатрешни работи Саад Маан на одржаната прес конференција во главниот град Багдад информираше во врска со антивладините протести во земјата коишто продолжуваат од 1 октомври наваму.

Маан истакна дека во антивладините протести кои што продолжуваат од 1 октомври наваму во главниот град Багдад и во јужните градови на земјата животот го загубија вкупно 104 лица меѓу кои има цивили и припадници на безбедносните сили, а 6.107 лица се повредени.

Велејќи дека во протестите се запалени 51 државна и приватна институција, Маан напомена дека исто така беа запалени и зградите на 8 политички партии.

Портпаролот на ирачкото Министерство за внатрешни работи Саад Маан додаде дека освен тоа во протестите се запалени и 2 полициски контролни пунктови.

Од друга страна, ирачката влада соопшти дека треба да бидат поведени потребните истраги против демонстрантите и оние кои употребија насилство против безбедносните сили.  

Според објавеното соопштение од прес канцеларијата на кабинетот на ирачкиот претседател, претседателот Бархам Салих во Багдад се состана со претседателот на Парламентот Мухамед ел-Халбуси и претседателот на Високиот судски совет Фаик Зидан.

На оваа средба, ирачкиот претседател Бархам Салих и претседателот на Парламентот Мухамед ел-Халбуси нагласија дека треба да бидат поведени потребните истраги против демонстрантите и оние кои употребија насилство против безбедносните сили.

На средбата за која станува збор се стоеше на тоа дека треба да се поведе истрага во врска со реализираните напади од страна на неидентификувани лица врз некои телевизиски канали и беше нагласено дека заштитата на информативните органи и одбраната на слободата на изразување се внесени во Уставот на земјата.



Слични вести