Во напад на терористичката организација Боко Харам во Нигерија загинаа 16 лица

Припадници на терористичката организација Боко Харам реализираа напад врз воен пунк во североисточниот дел на Нигерија во кој загинаа 16 лица од кои 11 војници, а има и голем број ранети

1282624
Во напад на терористичката организација Боко Харам во Нигерија загинаа 16 лица

Во реализиран напад од страна на терористичката организација Боко Харам во североисточниот дел Нигерија животот го загубија 16 лица.

Според вестите објавени во печатот во земјата, анонимен воен функционер истакна дека терористичката организација Боко Харам извршила напад врз воен пункт во селото Мауро во провинцијата Борно. 

Истиот функционер рече дека во нападот загинаа 16 лица од кои 11 војници и дека има и голем број ранети.

Велејќи дека во нападот се водат како исчезнати и двајца војници и дека припадниците на терористичката организација го зеле и оружјето на војниците и избегале.

Од друга страна, портпаролот на воздушните сили на Нигерија бригадниот генерал Ибукунле Дарамола истакна дека во басенот на Чадското езеро е реализирана воздушна операција против терористичката организација Боко Харам.

Дарамола соопшти дека во операцијата е уништен еден камп на организацијата и се неутрализирани голем број нејзини членови.



Слични вести