Во антивладините протести во Ирак досега загинаа 19 лица

Во антивладините протести во Ирак кои што започнаа на 1 октомври во главниот град и во јужните градови на земјата досега животот го загубија 19 лица

1281454
Во антивладините протести во Ирак досега загинаа 19 лица

Организацијата за човекови права на Ирак соопшти дека во протестите во главниот град и јужните градови кои што започнаа пред три дена против корупцијата, невработеноста и сиромаштијата досега животот го загубија 19 лица. 

Организацијата за човекови права на Ирак која делува независно објави писмено соопштение во врска со бројот на загинатите во антивладините протести од вторникот кога започнаа, досега.

Во соопштението се истакнува дека од денот кога започнаа протестите досега животот го загубија 19 лица.

Во меѓувреме, и покрај воведната забрана за излегување на улица т.ј. полицискиот час од некои делови на главниот град Багдад продолжуваат да се слушаат истрели од оружје.

Главниот град на Ирак и јужните градови од 1 октомври досега стануваат сцена на антивладини протести.

Поради протестите освен во главниот град Багдад вчера наутро беше воведен полициски час и во градовите Зикар (Насирије), Мејсан (Амара) и Вавилон (Хиле).

Од друга страна, Европската унија (ЕУ) упати повик за „максимална воздржаност“ во главниот град Багдад и јужните градови на Ирак во врска со протестите кои што започнаа против корупцијата и невработеноста.

Портпаролството на Европската комисија (ЕК) во објавеното писмено соопштение го изрази своето очекување ирачките безбедносни сили да покажат максимална воздржаност и протестите да се водат по мирољубиви патишта.

Во соопштението се истакнува дека Европската унија (ЕУ) го поддржува поведувањето на брза и безбедна истрага во врска со настаните.

Се привлекува внимание дека протестите во Ирак ја изнесуваат потребата од итно исполнување на барањата на народот и се нагласува дека е значајно особено за да се стават во примена ефикасните економски реформи во земјата.



Слични вести