На предвремените избори во Австрија победи Народната партија на Австрија (ОВП) на Себастијан Курц

Централно десничарската Народна партија на Австрија (ОВП) на поранешниот премиер Себастијан Курц со освоени 37,5 отсто гласови излезе како прва партија од изборите, а втора е Социјалдемократската партија (СПО) со 22,2 отсто гласови

1281595
На предвремените избори во Австрија победи Народната партија на Австрија (ОВП) на Себастијан Курц

Според објавените официјални резултати од одржаните предвремени парламентарни избори во Австрија на 29 септември, најголем број гласови освои централно десничарската Народната партија на Австрија (ОВП) предводена од поранешниот канцелар Себастијан Курц, со добиени 37,5 отсто од гласовите на бирачите и со освоени 71 пратеничко место во Парламентот.

Согласно објавените резултати од страна на австриското министерство за внатрешни работи, централно десничарската Народна партија на Австрија (ОВП) со 37,5 отсто гласови излезе како прва партија од изборите, втора е Социјалдемократската партија (СПО) со освоени 22,2 отсто гласови, а на трето место е екстремно десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО) со изгубени значаен број гласови, која доби 16,2 отсто гласови.

Партијата на зелените која на претходните избори не можеше да го помине изборниот праг од 4 отсто со што не можеше да влезе и во Парламентот, бројот на своите гласови на овие избори го зголеми на 13,9 отсто и повторно успеа да влезе силно во Парламентот.

Партијата Нова Австрија (НЕОС) пак, со освоени 8,1 отсто гласови стана петта политичка партија која влезе во Парламентот.

Според овие добиени резултати од одржаните предвремени парламентарни избори во Австрија на 29 септември, распределбата на пратеници според бројот во Федералниот Парламент на Австрија е вака: Народната партија на Австрија (ОВП) ќе располага со 71 пратеничко место, Социјалдемократската партија (СПО) 40, Слободарската партија на Австрија (ФПО) 31, Партијата Нова Австрија (НЕОС) со 15 и Партијата на зелените со 26 пратенички места.

На тој начин, австрискиот претседател Александер Ван дер Белен кој по изборите разговараше со лидерите на политичките партии, според вообичаените правила се очекува за формирање на владата да го назначи претседателот на Народната партија на Австрија (ОВП) Себастијан Курц чија партија излезе како победник од изборите.



Слични вести