Американскиот командант на НАТО генерал Тод Волтерс: Ние сме едно семејство и во семејствата доаѓа до несогласувања

„Ние сме едно семејство. Во семејството доаѓа до недоразбирања, несогласувања, ѝ меѓу браќата, ѝ помеѓу мајката и таткото.“ - рече високиот командант на европските сили на САД и сојузничките сили на НАТО генерал Тод Волтерс

1281510
Американскиот командант на НАТО генерал Тод Волтерс: Ние сме едно семејство и во семејствата доаѓа до несогласувања

Високиот командант на европските сили на САД и сојузничките сили на НАТО генерал Тод Волтерс на одржаниот брифинг за претставниците на печатот во Секретаријатот за одбрана (Пентагон) направи проценка на актуелни регионални прашања.

Во врска со присутната криза со Турција околу борбените авиони Ф-35, генерал Тод Волтерс го рече следното: „Како што сте слушнале и од генералниот секретар на НАТО ние сме едно семејство. Во семејството доаѓа до недоразбирања, несогласувања, ѝ меѓу браќата, ѝ помеѓу мајката и таткото.“

Одговарајќи на прашањата во врска со напорите на Турција и САД за формирање безбедна зона во североисточниот дел на Сирија, Волтерс напомена дека во подрачјето кое што се дефинира како „простор на безбедносен механизам“ на двете земји, досега се реализирани вкупно 9 патроли од копно и од воздух.

„Овие патроли беа доста ефикасни. Имаат за цел да се испита ситуацијата со рововите во просторот на безбедносниот механизам.“ - рече Волтерс.

Генерал Тод Волтерс привлече внимание дека Турција одигрува значајна улога во НАТО и продолжи со следните зборови: „За време на нашето заедничко работење со нашите турски колеги, тие не третираат како свои соборци. Навистина се однесуваат, покажуваат блискост како да постои крвна врска меѓу нас. Така да, довербата во воените односи е доста силна исто како и порано. Јас ѝ од страна на секретарот за одбрана (Марк Еспер), ѝ од страна на претседателот (Доналд Трамп) сум назначен да направам се што е во моја можност за да ја продолжам оваа силна врска, ѝ како командант на НАТО, ѝ како командант на САД за Европа.“  

На едно поставено прашање во врска со тоа какво влијание над НАТО ќе има исклучувањето на Турција од програмата на борбените авиони Ф-35, генерал Тод Волтерс истакна дека ова прашање претставува мало несогласување во односите помеѓу двете земји и го додаде следното: „Како што сте слушнале и од генералниот секретар на НАТО ние сме едно семејство. Во семејството, доаѓа до недоразбирања, несогласувања, ѝ меѓу браќата, ѝ помеѓу мајката и таткото. Ова мало несогласување, воено би го дефинирал како дожд. Секое утро кога ќе се разбудиме, на дожд го продолжуваме својот пат гледајќи си ја својата работа.“



Слични вести