Продолжуваат антивладините протести во Ирак

Бројот на загинатите во антивладините протести во Ирак за два дена се зголеми на 12 лица, а има и голем број повредени

1280659
Продолжуваат антивладините протести во Ирак

Продолжуваат антивладините протести во Ирак во кои досега бројот на загинатите достигна 12 лица, а голем број се повредени. 

Вчера, на вториот ден од протестите во главниот град Багдад животот го загубија 7 лица од кои еден полицаец. 

Безбедносните сили за растерување на демонстрантите кои беа собрани на неколку места низ градот, а пред се на плоштадите Тахрир, Тајаран, Халани и Ендулус, употребија вистински куршуми и солзавец.

Ирачките безбедносни сили не се воздржаа од употреба на сила и поради тоа што за зачувување на мирољубувиот став на протестите учествуваа и ирачки жени.

Протестите против корупцијата и невработеноста кои што започнаа минатиот ден освен во главниот град Багдад и градот Басра, се проширија и во градот Керкук (Киркук).

Заедно со седумте загинати лица за време на вчерашните протести бројот на загинатите за два дена се зголеми на 12 лица.

Во меѓувреме, ирачкиот премиер Адил Абдулмехди го свика на вонреден состанок Советот за национална безбедност.

Ирачкото министерство за одбрана пак, поради антивладините протести ги постави во алармна состојба сите безбедносни единици за одбрана на државните институции и дипломатските претставништва во земјата.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за одбрана се вели следното:  „Министерот Неџах еш-Шемери ги постави во алармна состојба сите безбедносни единици за одбрана на суверенитетот на државата, државните институции, местата од витално значење и сите амбасади и дипломатско конзуларни претставништва.“

Ирачката влада воведе забрана за излегување на улица т.ј. полцииски час од широки рамки.

Ирачкиот опремиер Адил Абдулмехди во објавеното писмено соопштение истакна дека издал директива за воведување на забрана за излегување на улица од широки рамки во главниот град Багдад, а со цел заштита на демонстрантите, јавниот поредок и безбедноста од провокаторите кои реализираат напади врз безбедносните сили и државниот и приватниот имот.

Абдулмехди истакна дека безбедносните сили ќе ги толерираат итните хуманитарни ситуации, патниците на аеродромите и граѓаните кои ќе учествуваат на манифестациите Ербаин.

Од друга страна, ирачката влада го прекина интернетот и го блокира пристапот до социјалните медиуми како Твитер (Twitter), Фејсбук (Facebook), Инстаграм (Instagram) и Ватсап (Whatsapp).

Како што се истакнува прекинот на интернетот се однесува на главниот град Багдад, градот Басра и на други провинции, со исклучок на Регионалната курдска управа на Ирак, на северот на земјата.



Слични вести