По главниот град Багдад е прогласен полициски час и во уште три ирачки града

Ирачката влада по главниот град Багдад каде што се одржуваат силни антивладини протести почна да спроведува забрана за излегување на улица т.ј. полициски час и во уште три града и тоа Зикар (Насирије), Мејсан (Амара) и Вавилон (Хиле)

1281031
По главниот град Багдад е прогласен полициски час и во уште три ирачки града

Во Ирак каде што два дена како се одржуваат антивладини протести на кои досега загинаа 12 лица, а има и голем број повредени, по главниот град Багдад е воведен полициски час и во уште три града.

Ирачката влада по главниот град Багдад каде што се одржуваат силни антивладини протести почна да спроведува забрана за излегување на улица т.ј. полициски час и во уште три града и тоа Зикар (Насирије), Мејсан (Амара) и Вавилон (Хиле).

Во некои градови каде што продолжуваат протестите како што се Басра, Диваније, Кербела (Карбала), Васит и Керкук (Киркук) пак, засега не е донесена одлука за воведување полициски час.

Изутринава во главниот град Багдад беше соопштено дека по директива на ирачкиот премиер Адил Абдулмехди е воведена забрана за излегување на улица (полициски час) од широки рамки, а како што беше истакнато за одбрана на јавниот поредок и безбедноста.

Ахмед Халеф, од Полициската управа во Багдад во дадената изјава за дописникот на Новинската агенција Анадолија „АА“ (Anadolu Agency) соопшти дека забраната за излегување на улица (полицискиот час) во главниот град Багдад почна да се применува од утрово од 05:00 часот.

Освен тоа, истиот функционер истакна дека оклопни возила на армијата биле распоредени на влезот на строго обезбедуваната Зелена зона во главниот град Багдад кад ешто се наоѓаат владините згради и странските дипломатско конзуларни претставништва и мисии.

Тој воедно напомена дека безбедносните сили се поставени во готовс за да би одговориле на евентуалните упади на демонстрантите.

Инаку, во антивладините протести во Ирак кои што започнаа на 1 октомври и три дена како продолжуваат досега животот го загубија 12 лица, а има и голем број повредени.



Слични вести