Евентуална нуклеарна војна помеѓу Индија и Пакистан би можела да одземе 125 милиони животи
Според едно спроведено истражување во САД евентуална нуклеарна војна помеѓу Индија и Пакистан би можела да одземе 125 милиони животи и да стане причина за еколошка катастрофа

Како што беше наведено доколку би дошло до нуклеарна војна помеѓу Индија и Пакистан би можеле да го загубат животот 125 милиони луѓе.
Според веста на весникот "Де Телеграф" ("The Telegraph"), во едно спроведено истражување во САД објавено во списанието "Science Advances" се тврди дека во евентуална нуклеарна војна до која би можело да дојде помеѓу Индија и Пакистан за само неколку дена би можеле да го загубат животот 125 милиони луѓе и да се доживее еколошка катастрофа.
Во истражувањето се истакнува дека освен смртта на милиони луѓе, поради нуклеарните облаци би можела да се намали за 20 до 35 отсто сончевата светлина којашто паѓа на земјата, дека тоа би можело да ги намали температурите 2 до 5 степени и дека и врнежите од дожд и снег би можеле да се намалат за 15 до 30 отсто.
Во истражувањето се укажува дека евентуалната климатска промена до која би можеле да доведат нуклеарните оружја би можела да стане причина за пад од 15 до 30 отсто и дека оваа состојба би можела да доведе до немаштија, а воедно се нагласува дека влијанијата на нуклеарната војна би можеле да траат повеќе од 10 години.
Алан Робок, еден од истражувачите, привлекувајќи внимание на времето т.ј. тајмингот на трудот ја изнесе следната констатација: "Тајмингот е на место. Спорот помеѓу Индија и Пакистан продолжува и секој месец умираат луѓе на границите. Една ваква војна би му се заканила на целиот свет, а не само на местата каде што ќе паднат бомбите."