Во вооружени напади на два штаба во Мали загинаа 25 војници и двајца цивили

Во објавеното соопштение од Владата на Мали се истакнува дека расте бројот на загинатите во вооружените напади кои што беа реализирани прексиноќа врз еден воен камп и гарнизонот во Мондоро

1280148
Во вооружени напади на два штаба во Мали загинаа 25 војници и двајца цивили

Во реализирани напади врз два штаба на армијата во областа Мопти во централните делови на западноафриканската држава Мали загинаа 25 војници и двајца цивили, четворица војници се ранети, а приближно 60 војници се водат како исчезнати.

Во објавеното соопштение од Владата на Мали се истакнува дека расте бројот на загинатите во вооружените напади кои што беа реализирани прексиноќа врз еден воен камп и гарнизонот во Мондоро. 

Во соопштението се вели дека во нападите освен двајца цивили загинаа 25 војници, четворица се ранети, а приближно 60 војници се водат како исчезнати.

На вооружените напади одговориле и војниците при што во вооружените судири биле неутрализирани 15 напаѓачи.

Како што се истакнува, оддалеченоста помеѓу двата штаба кои беа подложени на напади била некаде околу 150 километри.

Инаку, северните и централните делови западноафриканската држава Мали од 2012 година наваму станува сцена на сепаратистички судири и терористички напади.

Мировните сили на Мултидимензионалната мисија за интеграција и стабилност на Мали (MINUSMA) составени од 15 илјади војници под водство на Обединетите нации (ОН) од 4 илјади војници испратени на задача во Мали од страна на Франција под името „Операција Баркхане“, засега не успеаја да ја елиминираат безбедносната закана во оваа западноафриканска држава.



Слични вести