Во силните монсунски дождови во Индија од јуни досега животот го загубија повеќе од 1.600 лица

Владини извори соопштуваат дека оваа година се евидентирани најсилните монсунски дождови во последните 25 години и дека во оваа елементарна непогода од јуни досега животот го загубија над 1.600 лица

1280177
Во силните монсунски дождови во Индија од јуни досега животот го загубија повеќе од 1.600 лица

Во силните монсунски дождови кои што владеат во Индија од јуни досега животот го загубија повеќе од 1.600 лица.

Според веста на „Hindustan Times“, владини извори соопштуваат дека оваа година се евидентирани најсилните монсунски дождови во последните 25 години и дека во оваа елементарна непогода и несреќите предизвикани од силните врнежи од дожд коишто започнаа во јуни заклучно со 29 септември бројот на загинатите изнесува 1.600 лица.

Според податоците кои што се објавуваат, во монсунската сезона којашто во основа трае од јуни до септември оваа година се евидентирани за 10 пати посилни врнежи од дожд во споредба со врнежите во последните 50 години.

Надлежни истакнуваат дека најголем број загинати поради монсунските дождови во 2019 година се евидентирани во созјузната држава Махараштра каде што животот го загубија 371 лице, а воедно велат дека причина за најголем број загинати поради прекумерните врнежи од дожд и поплавите во земјата се уривањето на ѕидови и згради. 

Од друга страна, индиски функционери истакнуваат дека во сојузните држави Утар Прадеш и Бихар кои се најмногу погодени од силните монсунски дождови од петокот досега бројот на загинатите во поплавите и несреќите предизвикани од силните врнежи се зголеми на 144 лица.

Монсунските дождови коишто се влијателни во Јужна Азија поготово во периодот јануари-септември, секоја година стануваат причина за елементарни непогоди и несреќи од големи димензии.



Слични вести