„Вашингтон пост“ излезе со посебна страница по повод годишнината од убиството на новинарот Кашикчи

Весникот, во својот денешен број на годишнината од убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи во Генералниот конзулат на сопствената земја, Саудиска Арабија, во Истанбул, излезе со посебна страница

1280349
„Вашингтон пост“ излезе со посебна страница по повод годишнината од убиството на новинарот Кашикчи

Американскиот весник „Вашингтон пост“ денеска излезе со посебна страница по повод првата годишнина од извршеното брутално убиство врз својот колумнист саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

Весникот, во својот денешен број на годишнината од убиството на саудискиот новинар Кашикчи (Кашоги) во Генералниот конзулат на сопствената земја, Саудиска Арабија, во Истанбул, насловот на страницата „Глобална перспектива“ каде што беа објавувани написите на Кашикчи, ја промени со насловот „Еден изгубен глас, хор кој што расте“.

Уредникот на весникот Фред Хиат во својата забелешка на страницата напиша: „Саудискиот принц престолонаследник Мухамед бин Салман, пред една година мислеше дека една дискусија ќе може да ја прекина со пила за коски. Бин Салман беше успешен во тоа што стави крај на животот и го замолкна нашиот храбар и истакнат колега Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги). Меѓутоа, како што би можеле да видете на оваа страница, дискусијата се уште продолжува и не може лесно да се победи потрагата за слобода, демократија, толеранција и поголемо разбирање меѓу културите коишто му придаваат живот на Кашикчи (го прават вечен).“    

На посебно објавената страница на „Вашингтон пост“ им се придава место и на напишаните написи во врска со убиството на Кашикчи од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, свршеницата на Кашикчи Хатиџе Џенгиз, уредничката на страницата Глобална перспектива Карен Атиах, добитничката на Нобелова награда за мир Тевекул Карман, американскиот новинар добитник на Пулицерова награда Дејвид Игнатиус, саудискиот поборник за човекови права Ијад Ел-Багдади, американскиот пратеник Демократ Боб Менендез. 

Освен тоа, на оваа посебна страница се собрани под еден наслов и нацртаните карикатури на американскиот карикатурист Том Толес во врска со убиството на Кашикчи (Кашоги).

Статиите на страницата освен на англиски јазик се објавени и на арапски јазик.



Слични вести