Средба меѓу Рухани и Путин во главниот град на Ерменија, Ереван

Иранскиот претседател Хасан Рухани и рускиот претседател Владимир Путин се состанаа во главниот град на Ерменија, Ереван, каде што учествуваат на останокот на Високиот совет на Евроазиската економска унија

1280090
Средба меѓу Рухани и Путин во главниот град на Ерменија, Ереван

Иранскиот претседател Хасан Рухани и рускиот претседател Владимир Путин се состанаа во главниот град на Ерменија, Ереван.

Според објавеното соопштение од кабинетот на иранскиот претседател, претседателот Рухани кој престојува во главниот град на Ерменија, Ереван, каде што учествува на состанокот на Високиот совет на Евроазиската економска унија оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин на која разговараа за нуклеарниот договор и регионални и глобални прашања.

Иранскиот претседател Хасан Рухани застана во одбрана на тоа дека нукеларниот договор претставува успешен модел за решавање на меѓународните проблеми и рече дека за да вроди резултат овој договор сите страни треба да ги исполнат своите дадени ветувања.

Рухани побара од земјите потписнички на нуклеарниот договор да фрлат чекори во правец на негова имплементација и напомена дека улогата којашто ја одигрува Русија во оваа точка е значајна.

Рускиот претседател Владимир Путин пак, ја повтори својата поддршка на нуклеарниот договор и рече дека Москва ќе вложува напори сите земји потписнички на договорот да ги исполнат своите ветувања. 

Освен тоа, Путин истакна дека го дочекуваат позитивно тоа што Иран и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) официјално ја започнаа соработката и додаде дека овој развој ќе подготви поширока основа за регионална соработка.

 



Слични вести