Реакција од Агнес Каламард против бин Салман во врска со убиството на новинарот Кашикчи

Специјалната известувачка на ОН Каламард покажа реакција на изјавата на саудискиот принц престолонаследник кој одбива дека одиграл лична улога во убиството на новинарот Кашикчи и вели дека ја презема целата одговорност во врска со ова брутално убиство

1280405
Реакција од Агнес Каламард против бин Салман во врска со убиството на новинарот Кашикчи

Специјалната известувачка на Обединетите нации (ОН) за вонсудски и произволни убиства Агнес Каламард, покажа реакција против изјавата на саудискиот принц престолонаследник Мухамед бин Салман во која вели „ја преземам одговорноста“ во врска со убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги). 

Каламард, по повод првата годишнина од извршеното убиство врз саудискиот новинар Кашикчи (Кашоги) сподели објави на својата сметка на социјалната медија.

Покажувајќи реакција на изјавата на саудискиот принц престолонаследник Мухамед бин Салман кој го отфрлува тоа дека одиграл лична улога во убиството на Кашикчи и вели „Тоа беше гнасно злосторство. Меѓутоа, како лидер во Саудиска Арабија јас ја преземам (преземам) целата одговорност.“, специјалната известувачка Каламард го истакна следното: „Како прво, во оваа изјава постои едно јасно дефинирање во однос на тоа дека убиството на Кашикчи претставува државно убиство. Ова убиство се случи под негов надзор како полупретседател. Второ, принцот престолонаследник трпи големи болки за да го држи убиството далеку од себе. И управата на Саудиска Арабија досега постојано ги отфрли моите наоди во насока на тоа дека за убиството на Кашикчи е одговорна државата и дека тоа претставува вонсудско убиство.“

Изнесувајќи го своето незадоволство од изјавата на Мухамед бин Салман во врска со убиството „ја признавам (преземам) сета одговорност“, Агнес Каламард ја изнесе следната констатација: „Признавањето (прифаќањето) на одговорноста, треба да биде од видот на официјално признавање (на убиството), извинување и покажување дека нема да се повтори. Тоа е она кое што треба да го направи еден одговорен претседател. До денеска не дојде до ништо такво, од таква природа. Се случи токму спротивното. Еден одговорен државник не требаше да покаже толеранција кон 12 месечната дезинформација и нетолеранцијата и политиките на притисок кои што продолжуваа 12 месеци.“

Каламард истакна дека Мухамед бин Салман формира слоеви меѓу официјалните функционери и институциите вмешани во убиството и на тоај начин наведува дека овие лица и институции делувале самоволно, меѓутоа нагласи дека тоа не е точно и дека бин Салман и покрај тоа што не го признава тоа има многу блиска врска меѓу планирачите на убиството и убијците.

Инаку, саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) беше убиен на денешен ден, точно пред една година, на 2 октомври 2018 година во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, каде што отиде за да земе документ за венчавање.

 



Слични вести