Од страна на инволвираните страни во судирите во Сирија во септември се убиени 118 цивили

Сириската мрежа за човеклови права (СНХР) во извештајот за септември посветен на сивилните загуби соопшти дека од страна на страните инволвирани во судирите во Сирија во месец септември се убиени вкупно 118 цивили од кои 18 деца и 12 жени

1279878
Од страна на инволвираните страни во судирите во Сирија во септември се убиени 118 цивили

Од страна на инволвираните страни во судирите во Сирија во септември се убиени 118 цивили.

Сириската мрежа за човеклови права (СНХР) во извештајот за септември посветен на цивилните загуби соопшти дека од страна на страните инволвирани во судирите во Сирија во месец септември се убиени вкупно 118 цивили од кои 18 деца и 12 жени.

Според извештајот, од страна на режимските сили составени од армијата и безбедносните сили на режимот на Бешар Асад и странските терористички групи поддржани од Иран во септември се убиени 44 цивили од кои 4 деца и 3 жени.

Во воздушните напади на руските воени авиони во наведениот месец животот го загуби еден цивил, а сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во областите кои што ги окупира измасакрира 6 мина цивили од кои едно дете.

Во нападите на воените опозиционери и вооружените групи противници на режимот се убиени четворица цивили од кои едно дете, а вкупно 63 цивили од кои 12 деца и 9 жени беа убиени од страна на неидентификувани страни.

Од почетокот на 2019 година досега од страна на инволвираните страни во судирите во Сирија се убиени вкупно 2.682 цивили од кои во јануари 197, во февруари 246, во март 334, април 324, мај 416, јуни 347, јули 433, август 267 и во септември 118 цивили.

Во извештајот на мрежата се истакнува дека меѓу загинатите лица во минатиот месец, септември, животот го загубија поради измачување 22 лица од кои 21 лице од страна на режимот.



Слични вести