Нуклеарната криза меѓу Северна Кореја и САД

Помина повеќе од една година од состанокот меѓу САД и Северна Кореја и во односите меѓу двете земји е постигнат мал напредок

1279398
Нуклеарната криза меѓу Северна Кореја и САД

Постојаниот претставник на Северна Кореја во ОН Ким Сонг во врска со нуклеарните преговори со САД рече:

„Дали преговорите меѓу Северна Кореја и САД ќе бидат можност за отворање нови прилики или продлабочување на кризата? Тоа зависи од САД“.

Ким Сонг во говорот на седницата на Генералното заседание на ОН рече дека „воспоставувањето мир на Корејскиот полуостров ќе биде можно со целосно спроведување на одлуките кои беа усвоени на минатогодишната средба на лидерите на САД и Северна Кореја на 12 јуни во Сингапур.

„Помина повеќе од една година од состанокот меѓу САД и Северна Кореја и во односите меѓу двете земји е постигнат мал напредок.

Корејскиот полуостров не може да излезе од маѓепсаниот круг на напнатост кој е предизвика од американските политички и воени провокации.

САД треба да ги напушти постоечките пресметки и да излезе со нов став. Ние со големо трпение го очекувавме овој став на САД“ рече Ким.

„Северна Кореја и натаму гаи желба за продолжување на преговорите со САД. На прашањето: „Дали преговорите меѓу Северна Кореја и САД ќе бидат можност за отворање нови прилики или продлабочување на кризата? Ким договори: Тоа зависи од САД“.



Слични вести