Бројот на жртвите во поплавите во Индија се искачи на 140 лица

Надлежни истакнуваат дека бројот на загинатите поради поплавите и несреќите предизвикани од поројните врнежи од дожд кои што владеат во последната една недела во Утар Прадеш се зголеми на 111 лица, а во Бихар на 29 лица

1279430
Бројот на жртвите во поплавите во Индија се искачи на 140 лица

Бројот на загинатите во поплавите предизвикани од силните монсунски дождови кои што ги зафатија сојузните држави Утар Прадеш и Бихар во Индија, се зголеми на 140 лица, а најмалку 4 илјади лица се евакуирани.

Според веста објавена од страна на индиската новинска агенција „Press Trust of India“ (ПТИ или PTI), надлежни истакнуваат дека бројот на загинатите поради поплавите и несреќите предизвикани од поројните врнежи од дожд кои што владеат во последната една недела во Утар Прадеш се зголеми на 111 лица, а во Бихар на 29 лица.

Во објавеното соопштение од Единицата за борба против елементарни непогоди се истакнува дека во сојузната држава Бихар во градот Патна кој што бил сериозно погоден од силните врнежи од дожд биле евакуирани најмалку 4 илјади лица.

Индискиот премиер Нарендра Моди во објавеното соопштение на својата сметка на социјалната медија истакна дека со надлежните разговарал за ситуацијата во земјата и дека единиците за борба против елементарни непогоди и локалните управи работат заедно.



Слични вести