Во поплавите во Индија животот го загубија најмалку 120 лица

Според вестите, во поплавите предизвикани од силните монсунски дождови во сојузната држава Утар Прадеш животот го загубија 79 лица, во сојузната држава Бихар 25 лица, во Утараканд, Медја Прадеш и Раџастан 13 лица, а во Гужарат 3 лица

1278626
Во поплавите во Индија животот го загубија најмалку 120 лица

Во силните монсунски дождови кои што зафатија различни сојузни држави на Индија, според последни добиени информации животот го загубија најмалку 120 лица.

Според вестите објавени во локалниот печат, во поплавите предизвикани од силните монсунски дождови во сојузната држава Утар Прадеш животот го загубија 79 лица, во сојузната држава Бихар 25 лица, во Утараканд, Медја Прадеш и Раџастан 13 лица, а во Гужарат 3 лица.

Надлежни истакнуваат дека силните врнежи од дожд во сојузната држава Бихар го блокирале копнениот сообраќај, додека 13 железнички линии биле откажани.

Престолнината на Бихар, Патна била сериозно погодена од врнежите од дожд и надојдените води достигнувале до колено.

Премиерот на индиската сојузна држава Утар Прадеш Јоги Адитјанат во дадената изјава за печатот го изрази своето сочувство до блиските на жртвите во поплавите и соопшти дека ќе им биде платена отштета по 400 илјади рупи (приближно 33 илјади турски лири или 6 илјади долари).

Индиски надлежни органи во дадената изјава завчера истакнаа дека поради рушење на куќите, гром, случаи на давење и каснување на змии во сојузната држава Утар Прадеш каде што во последната една недела се доживуваат поплави предизвикани од силните врнежи од дожд, животот го загубија 59 лица.

Врнежите од дожд во областите погодени од поплави се очекува почнувајќи од денеска да почнат да се намалуваат.



Слични вести