По изминати 5 години повторно отворен сириско-ирачкиот граничен премин Елбукемал-Каим

Според добиени информации, повторно се доведени во функционална состојба граничните премини коишто се наоѓаат во населеното место Елбукемал кај градот Деир ез-Зор во источниот дел на Сирија и на ирачка територијата на спротивната страна на границата

1278956
По изминати 5 години повторно отворен сириско-ирачкиот граничен премин Елбукемал-Каим

По изминати 5 години повторно е отворен граничниот премин помеѓу Сирија и Ирак Елбукемал-Каим кој беше затворен во 2014 година поради окупацијата на терористичката организација ДЕАШ.

Според добиени информации од локални извори, повторно се доведени во функционална состојба граничните премини коишто се наоѓаат во населеното место Елбукемал кај градот Деир ез-Зор во источниот дел на Сирија и на ирачка територија на спротивната страна на границата.

Терористичката организација ДЕАШ граничниот премин Елбукемал-Каим го зазеде во 2014 година.

Потоа, режимот на Бешар Асад со помош на странските терористички групи поддржани од Иран го исчисти Елбукемал од ДЕАШ во ноември 2017 година.

Терористичката организација ЈПГ/ПКК пак, со поддршка на САД во февруари оваа година ја зазеде месноста Багоз од рацете на ДЕАШ и го окупира ова место.

Во областа која што од ноември 2017 година е под контрола на сирискиот режим де факто владеат групи поддржани од Иран.

Локални извори укажуваат на тоа дека со отворање на граничниот премин ќе се зголеми влијанието на групите за кои станува збор и со тоа ќе се олеснат премините кон Ирак.



Слични вести