Францускиот премиер Филипе: Ксенофобичните изрази на екстремните десничари се „одвратни“

Францускиот премиер Едуард Филипе, оценувајќи ги за „одвратни“ дадените изјави на состанокот на екстремните десничари со кои директно се цели против муслиманите, рече дека овие изјави истовремено се во спротивност и со вредностите на Франција

1278962
Францускиот премиер Филипе: Ксенофобичните изрази на екстремните десничари се „одвратни“

Францускиот премиер Едуард Филипе, ксенофобичните изјави кои што беа дадени на еден состанок организиран од страна на екстремните десничари ги окарактеризира како „одвратни“.

Филипе, оценувајќи ги за „одвратни“ дадените изјави на состанокот на екстремните десничари со кои директно се цели против муслиманите, рече дека овие изјави истовремено се во спротивност и со вредностите на Франција.

Францускиот писател Ерик Земур, едниот од учесниците на состанокот за кој станува збор, во својот говор рече: „Проблемот со миграцијата расте со исламот. Дали младите Французи ќе прифатат да живеат во малцинство на териториите на своите предци? Ако го прифатат тоа, заслужуваат да бидат експлоатирани, ако не ќе мораат да се борат за својот спас.“

Претседателот на општина Безиерс Робер Менар пак, тврдеше дека доколку исламот завладее со Франција на улиците нема да остане ниту една жена.

Францускиот политичар Марион Марешал Ле Пен исто така во својот говор застана во одбрана на ставот на францускиот писател Рену Ками во однос на тоа дека Европа ќе биде подложена на инвазија од страна на мигрантите.



Слични вести