САД ќе испратат војници и воена опрема во Саудиска Арабија

Портпаролот на Пентагон Џонатан Хофман истакна дека во Саудиска Арабија ќе бидат испратени 200 војници, една противвоздушно одбранбена ракетна батерија Патриот и 4 радарски системи од кус дострел

1277672
САД ќе испратат војници и воена опрема во Саудиска Арабија

Американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) соопшти дека поради реализираните напади врз постројките на саудиската нафтена компанија „Арамко“ ќе бидат распоредени во Саудиска Арабија 200 американски војници, една противвоздушно одбранбена ракетна батерија Патриот и 4 радарски системи од кус дострел.

Портпаролот на Пентагон Џонатан Хофман во дадената изјава по ова прашање рече: „Под светлината на неодамнешните напади врз Саудиска Арабија, како и на нивно барање, американскиот секретар за одбрана Марк Еспер соопшти дека од страна на САД на Кралството ќе биде испорачана следната опрема: Една батерија Патриот, 4 радари Сентинел и приближно 200 војници.“

Хофман рече дека оваа испорака ќе обезбеди значаен придонес за противвоздушната и ракетната одбранбена способност на воените и цивилните инфраструктура на Саудиска Арабија.

Портпаролот на Пентагон Џонатан Хофман истакна дека секретарот за одбрана одобри да бидат подготвени и дополнителни сили и го додаде следното: „Овие дополнителни сили опфаќаат и  испраќање на 2 батерии Патриот и еден систем за еден терминален систем за одбрана со висока надморска височина (THAAD)“.



Слични вести