Путин на состанокот на СБ на ОН разговараше за сириското прашање

На разговорите беа разменети мислења и во врска со обезбедувањето на безбедноста по окончувањето на Повелбата на нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ)

1277744
Путин на состанокот на СБ на ОН разговараше за сириското прашање

Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) говореше за сириското прашање.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека претседателот Путин на состанокот со претставниците на земјите членки на Советот разговараше за можностите за изнаоѓање решение на Сириското прашање по формирањето на Сирискиот уставен комитет.

Песков во продолжение рече дека на разговорите беа разменети мислења и во врска со обезбедувањето на безбедноста по окончувањето на Повелбата на нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ).

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш претходно имаше најавено дека се формира  Сирискиот уставен комитет кој идната недела ќе се состане во Женева.



Слични вести