Јункер: За Брегзит без договор одговорна ќе биде Велика Британија

Претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер напомена дека доколку не се постигне спогодба за Брегзит одговорна за тоа ќе биде Велика Британија

1277641
Јункер: За Брегзит без договор одговорна ќе биде Велика Британија

Претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер изјави за германскиот весник „Аугсбергер Алгемајне Цајтунг“ дека доколку не бидат заокружани преговорите за Брегзит (излезот на Велика Британија од ЕУ) договорот за слободна трговија ќе биде многу искомплициран за Европската унија (ЕУ).

Јункер напомена дека доколку не се постигне спогодба за Брегзит одговорна за тоа ќе биде Велика Британија.

Нагласувајќи дека верува оти преговорите ќе завршат со договор, Јункер рече: „Работиме интензивно за тоа. Јас и (главниот преговарач на ЕУ за Брегзит) Мишел Барние правиме се за да се постигне соодветен договор.“

Освен тоа, Јункер подвлече дека доколку Велика Британија излезе од Европската унија (ЕУ) без постигнување договор, тоа ќе претставува катастрофа и за Обединетото Кралство и за ЕУ.

Претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер укажа на тоа дека Европа ќе остане како мировен проект и рече: „Оној кој ќе го заборави тоа ќе направи историска грешка. Затоа ќе продолжам да говорам за војните, за жртвите во војните и да раскажувам за тоа што ни придаде мирот. Младите луѓе го разбираат тоа.“



Слични вести