Бројот на жртвите во земјотресот во Индонезија се зголеми на 23 лица

Бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтер во провинцијата Малуку во Индонезија од 20 се зголеми на 23 лица, а повеќе од 100 лица се повредени

1277816
Бројот на жртвите во земјотресот во Индонезија се зголеми на 23 лица

Како што се истакнува бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтер што се случи во Амбон, престолнината на провинцијата Малуку во Индонезија, се зголеми на 23 лица.

Надлежни на Националната агенција за ублажување катастрофи (БНПБ) соопштија дека бројот на загинатите под срушените згради во вчерашниот земјотрес во Амбон од 20 се зголеми на 23 лица.

Надлежни истакнаа дека продолжува лекувањето на повеќе од 100 лица кои беа повредени во земјотресот што го погоди подрачјето, а воедно ја споделија информацијата дека во местата за привремено згрижување се сместени и приближно 15 илјади загрозени лица чии куќи се оштетени.

Се истакнува дека во земјотресот се оштетени вкупно 117 илјади градби меѓу кои има куќи, училишта, џамии и јавни згради.

Инаку, во земјотресот што го погоди подрачјето Тернате исто така во провинцијата Малуку на 14 јули оваа година чија јачина изнесуваше 7,3 степени според Рихтер, животот го загубија 6 лица.



Слични вести