Во земјотрес во Индонезија со јачина од 6,8 степени животот го загубија 20 лица

Претседателот на Националната агенција за ублажување катастрофи (БНПБ) Агус Вибово истакна дека поради земјотресот во подрачјето на градот Амбон животот го загубиле 20 лица, а повеќе од 100'тина се повредени

1276733
Во земјотрес во Индонезија со јачина од 6,8 степени животот го загубија 20 лица

Во земјотресот што се случи во провинцијата Малуку во Индонезија со јачина од 6,8 степени според Рихтер, животот го загубија 20 лица, а повеќе од 100'тина се повредени.

Институцијата за метеорологија, клима и геофизика соопшти дека епицентарот на земјотресот што го погоди градот Амбон, престолнината на провинцијата Малуку се случил на длабочина од 10 километри од површината на земјата. 

Претседателот на Националната агенција за ублажување катастрофи (БНПБ) Агус Вибово истакна дека поради земјотресот во подрачјето на градот Амбон животот го загубиле 20 лица кои останале затрупани под рушевините на своите срушени куќи, а повеќе од 100'тина лица биле повредени.

Надлежни соопштуваат дека во земјотресот биле оштетени десетици куќи, јавни згради и еден мост во Амбон и дека продолжуваат активностите за пребарување и спасување во погоденото подрачје.

Како што се наведува, по главниот удар досега се случиле повеќе од 54 последователни потреси.

Инаку, во земјотресот што го погоди подрачјето Тернате исто така во провинцијата Малуку на 14 јули оваа година чија јачина изнесуваше 7,3 степени според Рихтер, животот го загубија 6 лица.



Слични вести