Саудискиот принц престолонаследник Салман ја презел одговорноста за убиството на новинарот Кашикчи

Саудискиот принц престолонаследник Мухамед бин Салман во врска со убиството на новинарот Џемал Кашикчи во Генералниот конзулат на С. Арабија во Истанбул истакнал дека настанот се случи под негова одговорност и тој самиот ја презема целата одговорност

1276821
Саудискиот принц престолонаследник Салман ја презел одговорноста за убиството на новинарот Кашикчи

Изјавите кои што ги даде саудискиот принц престолонаследник Мухамед бин Салман, во врска со убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) за време на трката со електрични автомобили во Ријад во декември 2018 година за новинарот Мартин Смит, уредникот на програмата „Frontline“ на американскиот телевизиски канал „PBS“, се најдоа на објавениот трејлер на оваа програма што ќе се емитува на 1 октомври.

Во овој трејлер саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман во врска со убиството на новинарот Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул истакнува дека настанот се случи под негова одговорност и дека тој самиот ја презема целата одговорност.

Во рекламниот трејлер се вели дека принцот Бин Салман за прв пат во едно интервју одговорил на прашањата во врска со убиството на Кашикчи (Кашоги) и деловите од дијалогот на принцот престолонаследн и новинарот Смит се претставени на екранот без да бидат вклучени снимката и гласот на Бин Салман.

Во трејлерот се употребуваат следните зборови:

Смит: „Кога го прашав за неговата улога во убиството на Кашикчи“

Тој одговори: „Овој настан се случи под моја одговорност. Ја преземам целата одговорност, бидејќи се случи под моја одговорност“

Новинарот Мартин Смит раскажува дека на неговото прашање „Како може да се случи такво нешто без ваше знаење?“, Бин Салман одговорил: „Во Саудиска Арабија живеат 20 милиони луѓе, а 3 милиони работат во државната администрација.“

Како што наведува Смит на неговото прашањње „Добро, дали тие можат да земат еден од вашите авиони?“, Салман одговорил со зборовите „Постојат надлежни лица, министри кои ги следат моите работи. Тоа е нивна одговорност. Тие имаат надлежност да го прават тоа.“

Инаку, саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) беше убиен на 2 октомври 2018 година Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, каде што отиде за да земе документ за венчавање.

Според извештајот од 101 страница објавен во јуни од страна на Високиот комесаријат на Обединетите нации за човекови права (OHCHR), Саудиска Арабија е одговорна за намерно и планирано убиство на новинарот Џемал Кашикчи.

Во извештајот беше укажано на тоа дека постојат веродостојни докази за поведување истрага против високи функционери, меѓу кои и саудискиот принц престолонаследник Мухамед бин Салман.

Освен тоа во извештајот беше упатен повик до генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес да поведе комплементарна кривична истрага во врска со убиството на Кашикчи и беше нагласено дека санкциите во врска со убиството на Кашикчи треба да важат и за саудискиот принц престолонаследник и за неговиот личен имот во странство.



Слични вести