Бројот на загинатите во земјотресот во Азад Џаму и Кашмир во Пакистан се зголеми на 37 лица

Министерот за информации на Кашмир Муштак Минхас истакна дека бројот на загинатите во земјотресот во Кашмир со извлечените мртви тела од под срушените згради се зголеми на 37 лица, а над 500 лица се повредени

1276576
Бројот на загинатите во земјотресот во Азад Џаму и Кашмир во Пакистан се зголеми на 37 лица

Бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 5,8 степени според Рихтер, чиј епицентар се наоѓаше во градот Мирпур во Азад Џаму и Кашмир под контрола на Пакистан, се зголеми на 37 лица, а над 500 лица се повредени.

Министерот за информации на Кашмир Муштак Минхас изјави дека во руралните подрачја погодени од земјотресот се стигнува со воени хеликоптери.

Велејќи дека бројот на загинатите со извлечените мртви тела од под срушените згради вчера се зголеми на 37 лица, Минхас истакна дека исто така има и над 500 повредени.

Тој напомена дека откако ќе завршат активностите за спасување ќе започнат работите за утврдување на штетата и за доставување помош и дека на загрозените лица ќе им бидат обезбедени места за нивно привремено сместување. 

Гувернерот на Мирпур Чаудри Мухамед Тајаб пак, во дадената изјава за националната медија истакна дека поради оштетените патишта се одвиваат отежнато работите за спасување.

Од друга страна, со учество и на војниците започнаа активностите за поправање на оштетените електрични линии, инфраструктурата и градбите како училишта, болници и џамии кои што се оштетени во земјотресот. 

Инаку, земјотресот со јачина од 5,8 степени што се случи завчера на границата помеѓу Азад Џаму и Кашмир и Пакистан во близина на градот Мирпур каде што живеат приближно 500 илјади лица бил почувствуван и во пакистанскиот главен град Исламабад и во Индија.



Слични вести