Рухани: Напорите на Макрон би можеле да вродат резултат со укинување на санкциите од страна на Трамп

Иранскиот претседател Хасан Рухани рече: „Доколку бидат укинати санкциите постои можност за преговори во рамките на земјите 5+1. Напорите на Макрон би можеле да вродат резултат со укинување на санкциите од страна на Трамп.“

1275807
Рухани: Напорите на Макрон би можеле да вродат резултат со укинување на санкциите од страна на Трамп

Иранскиот претседател Хасан Рухани истакна дека напорите на францускиот претседател Емануел Макрон за постигнување компромис (помирување) помеѓу Техеран и Вашингтон би можеле да вродат резултат со укинување на санкциите врз Иран од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Рухани за да се преговара во врска со нуклеарната програма на неговата, го повтори условот за укинување на санкциите и рече: „Доколку бидат укинати санкциите постои можност за преговори во рамките на земјите 5+1. Напорите на Макрон би можеле да вродат резултат со укинување на санкциите од страна на Трамп.“

Според објавеното соопштение од кабинетот на иранскиот претседател, претседателот Хасан Рухани кој се состана со главните и одговорни уредници на медиумите во САД направи проценки во врска со можноста за преговори помеѓу Техеран и Вашингтон.

Нагласувајќи го тоа дека напорите на францускиот претседател Емануел Макрон за постигнување компромис (помирување) би можеле да бидат влијателни доколку Трамп ги укине санкциите кои што ги стави во примена по напуштањето на нуклеарниот договор, Рухани рече: „Доколку Доколку бидат укинати санкциите постои можност за преговори во рамките на земјите 5+1 (постојаните членки на Советот за безбедност на ОН и Европската унија). Напорите на Макрон би можеле да вродат резултат со укинување на санкциите од страна на Трамп. Продолжувањето на санкциите кои што се спроведуваат под името политика на максимален притисок, претставуваат предуслов на САД за преговори. Според нас пак, првенствено треба да се укинат сите предуслови.“



Слични вести