Во воздушен напад на коалициските сили под водство на Саудиска Арабија во Јемен загинаа 16 цивили

Воениот портпарол на Хусите Јахја Сери истакна дека во реализираниот воздушен напад од страна на коалициските сили под водство на Саудиска Арабија врз една куќа во провинцијата Ед-Дали во Јемен, животот го загубија 16 цивили од кои 7 деца и 4 жени

1275483
Во воздушен напад на коалициските сили под водство на Саудиска Арабија во Јемен загинаа 16 цивили

Хусите во Јемен соопштија дека во реализираниот воздушен напад од страна на коалициските сили под водство на Саудиска Арабија врз една куќа во провинцијата Ед-Дали животот го загубија 16 цивили.

Воениот портпарол на Хусите Јахја Сери во објавеното соопштение на својата сметка на социјалната мрежа Твитер истакна дека коалициските сили утрово реализираа два воздушни напади врз куќата на Јеменецот Абас ел-Халими во населеното место Катаба во Ед-Дали. 

Сери наведе дека во воздушниот напад животот го загубија 16 цивили од кои 7 деца и 4 жени, а еден здравствен работник е ранет.

Од страна на надлежните органи на Саудиска Арабија или од коалициските сили пак, засега не е објавено било какво соопштение по прашањето.

Инаку, во период кога Хусите поддржани од Иран од септември 2014 година ја држат во свои раце контролата во главниот град на Јемен Сана и во некои други области, коалициските сили под водство на Саудиска Арабија  од март 2015 година реализираат воздушни напади со поддршка на јеменската влада против Хусите и во овие напади животот го губат голем број цивили.

Според извештајот на Обединетите нации (ОН) објавен во јуни 2019 година, од 2016 година во Јемен животот го загубија 70 илјади лица.



Слични вести