Трамп: Се додека Иран се однесува вака санкциите ќе бидат уште повеќе заострени

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека се додека Иран се однесува вака санкциите нема да бидат олабавени, напротив ќе бидат уште повеќе заострени

1275704
Трамп: Се додека Иран се однесува вака санкциите ќе бидат уште повеќе заострени

Американскиот претседател Доналд Трамп говореше на отворањето на 74. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) каде што им се обрати на шефовите на држави и премиерите на 193 земји. 

Трамп тврдеше дека се во силна позиција против Иран и истакна дека не се во потрага по конфликт со други земји, но напомена дека сакаат да ги одбранат интересите на својата земја.

"Да почекаме и да видиме што ќе биде со Иран, меѓутоа би можел да го кажам тоа дека сме во силна позиција против Иран. И тие ќе направат нешто, мислам дека она што ќе го направат тие ќе биде нешто паметно за нив." - рече Трамп. 

Наведувајќи дека најголемата опасност во светот е режимот на притисок во Иран, американскиот претседател рече: "Иран, е спонзор на валканите војни во Сирија и Јемен. За спречување на Иран да се стекне со  нуклеарно оружје се повлеков од страотниот нуклеарен договор."

Трамп наведе дека Иран за да се спаси од санкциите го зголемува насилството и рече: "Се додека Иран се однесува вака нема да  бидат олабавени санкциите (коишто ги применуваат САД), напротив ќе бидат уште повеќе заострени."

Тој истакна дека дискриминацијата во светот продолжува и затоа треба да се стапи во акција, по што продолжи со следните зборови: "Мојата земја е земја која волјата на народот ја држи над се. Мојата земја убедливо е најсилната земја на светот. Се надевам дека никогаш нема да бидеме приморани да ја употребиме оваа сила."

Велејќи дека иднината нема да им остане на глобализаторите туку на патриотите, Трамп истакна дека јасно известил  оти САД од сите свои партнери очекуваат да се сподели праведно товарот на одбраната. 

Истакна дека сакаат праведна и урамнотежена трговија и дека САД сакаат да реализираат реформа и во меѓународната трговија.

Велејќи дека утре ќе го добие својот конечен облик трговскиот договор со Јапонија, американскиот претседател појасни дека работат над еден извонреден трговски договор и со британскиот премиер Борис Џонсон.

Трамп тврдеше дека Кина пак,  не исполнила ниту една од ветените реформи и дека ги украла дизајните на некои компании на САД.

"Решени сме да ја воспоставиме рамнотежата во нашите односи со Кина. Се надевам дека ќе се постигне соодветен договор којшто ќе биде во интерес на двете страни." - рече Трамп.

По прашањето на Авганистан пак, Доналд Трамп нагласи дека Талибан продолжува со нападите, но дека САД никако нема да се откажат да работат заедно со своите сојузници за постигнување мир.



Слични вести