Средба меѓу Рухани и Макрон во Њујорк, во САД

Иранскиот претседател Хасан Рухани и францускиот претседател Емануел Макрон во Њујорк разговараа за билатералните односи, чувствителните случувања во регионот и планот „Ормутска мировна иницијатива“ што го подготви Иран за Персискиот залив

1275342
Средба меѓу Рухани и Макрон во Њујорк, во САД

Иранскиот претседател Хасан Рухани во Њујорк, во Соединетите Американски Држави (САД), се состана со францускиот претседател Емануел Макрон.

Според објавеното писмено соопштение од кабинетот на иранскиот претседател, претседателот Рухани кој во рамките на седниците на 74. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) престојува во Њујорк овде се состана со францускиот претседател Емануел Макрон со кого разговараа за билатералните односи, чувствителните случувања во регионот и планот „Ормутска мировна иницијатива“ што го подготви Иран за Персискиот залив.

Иранскиот претседател Хасан Рухани стави акцент на одговорностите на земјите кои по напуштањето на нуклеарниот договор од страна на САД останаа во договорот, а по прашањето на зачувување на овој меѓународен договор.

Освен тоа, Рухани обвинувањата на Франција, Велика Британија и Германија во врска со нападот врз саудиските нафтени постројки Арамко ги окарактеризира како „неосновани“ и покажа реакција против објавеното заедничко соопшштение од страна на овие три земји.

Од друга страна, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека го дочекуваат позитивно планот подготвен од страна на Рухани за безбедноста на регионот.

Макрон ги објасни напорите кои што ги води Франција за применување на нуклеарниот договор, а воедно напомена дека ѝ Русија, ѝ Кина мора да соработуваат со Европа.



Слични вести