Меркел порача од ОН: Индустријализираните земји се главната причина за глобалното затоплување

Германската канцеларка Ангела Меркел порача од ОН дека главната причина за глобалното затоплување се индустријализираните земји, додека земјите во развој се оштетени, односно жртви

1275063
Меркел порача од ОН: Индустријализираните земји се главната причина за глобалното затоплување

Германската канцеларка Ангела Меркел во говорот што го одржа на Самитот за климатска акција во Њујорк во Обединетите нации (ОН) истакна дека причина за климатските промени и затоплувањето на светот се луѓето и нагласи дека треба да се постапува согласно препораките на научниците и да се води заедничка борба против климатските промени, на глобално ниво.

Меркел напомена дека главната причина за глобалното затоплување се индустријализираните земји, додека земјите во развој се оштетени, односно жртви. 

Укажувајќи дека мерка за тоа претставува Климатскиот договор од Париз кој што има за цел глобалното затоплување да се ограничи со 1,5 степени Целзиусови, германската канцеларка Ангела Меркел рече: „Индустријализираните земји се главната причина за глобалното затоплување. Земјите во развој пак, се оштетени.“

Затоа, Меркел побара од индустријализираните земји да развијат иновативни технологии и да одделат финансиски средства за изнаоѓање на патиштата за стопирање на глобалното затоплување.



Слични вести