Генералниот секретар на ОН Гутерес предупреди во однос на растечката тензија во Заливот и трговската војна помеѓу САД и Кина

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес во својот говор предупреди во однос на растечката тензија во Заливот и трговската војна којашто се води помеѓу САД и Кина

1275614
Генералниот секретар на ОН Гутерес предупреди во однос на растечката тензија во Заливот и трговската војна помеѓу САД и Кина

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес на отворањето на годинашните седници на 74. заседание на Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) им се обрати на шефовите на држави и премиери од 193 земји.

Гутерес во својот говор предупреди во однос на растечката тензија во Заливот и трговската војна која што се води помеѓу САД и Кина.

Тој истакна дека се соочуваме со веројатност од загрижувачки вооружен конфликт во Заливот чии последици не би можеле да ги сносиме.

Правејќи проценка во врска со затегнатоста помеѓу САД и Иран, Гутерес рече: „Се соочуваме со веројатност од загрижувачки вооружен конфликт во Заливот чии последици не би можеле да ги сносиме. Нападот врз нафтените постројки на Саудиска Арабија се неприфатливи. Кога ќе се земе во предвид дека една мала погрешна пресметка би можела да предизвика една голема криза, треба да направиме се што е во наша можност за здрав разум и воздржаност.“

Гутерес нагласи дека се надева оти регионалните земји би можеле да живеат во взаемно почитување и соработка без да се мешаат меѓусебно во своите внатрешни работи, а воедно ја подвлече и потребата од зачувување на иранскиот нуклеарен договор. 

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес достави предупредувања и по прашањето на „трговската војна“ којашто се води помеѓу САД и Кина во врска со што рече: „Се плашам од едно големо прекршување. Светот се поделува на два дела, двете најголеми економии во светот создаваат две одделни света во кои конкурираат меѓусебно со своите валути, трговските и финансиски правила, сопствените интернети, вештачките интелигенции и со своите геополитички и воени стратегии со нула профит.“



Слични вести