Во воздушни напади во Јемен загинаа 5 цивили од исто семејство

Коалиционите сили под водство на Саудиска Арабија реализираа 3 воздушни напади врз областа Ес-Севад во градот Амран во северниот дел на главниот град Сана во кои загинаа 5 цивили од исто семејство, а 2 деца се водат како исчезнати

1274722
Во воздушни напади во Јемен загинаа 5 цивили од исто семејство

Во реализирани воздушни напади во градот Амран во Јемен животот го загубија 5 цивили од исто семејство.

Според веста на телевизискиот канал Ел-Месира на Хусите во Јемен поддржани од Иран, коалиционите сили под водство на Саудиска Арабија реализираа 3 воздушни напади врз областа Ес-Севад во градот Амран во северниот дел на главниот град Сана.

Во веста се истакнува дека во нападите загинаа 5 цивили од исто семејство и дека воедно и 2 деца се водат како исчезнати.

Од страна на Саудиска Арабија пак, засега не е објавено било какво соопштение во врска со овие воздушни напади.



Слични вести