Помпео ги повика сите земји да застанат против политиката на притисок на Кина врз Турците Ујгури

Американскиот државен секретар Мајк Помпео се состана со министрите за надворешни работи на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

1274156
Помпео ги повика сите земји да застанат против политиката на притисок на Кина врз Турците Ујгури

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги повика сите земји да се спротивстават на политиката на притисок на Кина врз Турците Ујгури во Автономната ујгурска област Синкјанг.

Помпео во Њујорк одржа состанок со министрите за надворешни работи на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан. 

Овде американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека треба да се работи заеднички во борбата против тероризмот.

Упатувајќи повик до сите земји да застанат против политиката на притисок на Кина вез Турците Ујгури, Помпео рече: „Вреди да се истакне тоа дека кампањата на притисок на Кина во Синкјанг нема врска со тероризмот. Тоа е поврзано со иницијативата на Кина за бришење на верувањето и културата на муслиманите врз сопствените граѓани.“ 



Слични вести