Палестинскиот премиер Иштије најави наскоро отворање на Турско-палестинската болница за пријателство

Палестинскиот премиер Мухамед Иштије најави дека наскоро ќе биде отворена Турско-палестинската болница за пријателство изградена на Западниот Брег од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

1274160
Палестинскиот премиер Иштије најави наскоро отворање на Турско-палестинската болница за пријателство

Палестинскиот премиер Мухамед Иштије учествуваше на церемонијата на свечено отворање на Меѓународниот центар за дијагноза на рак и генетички болести чија изградба заврши во градот Рамалах на Западниот Брег. 

Во говорот што го одржа овде Иштије најави дека наскоро на окупираниот Западен Брег ќе биде отворена и Турско-палестинската болница за пријателство чија изградба е реализирана од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

„Она што е значајно за нас е да се намалат болките и да се подобрат условите за живот на нашиот народ во Газа, Ерусалим (Кудс) и бегалските кампови.“ - рече палестинскиот премиер Мухамед Иштије. 

Тој воедно најави дека наскоро ќе биде отворена и Турско-палестинската болница за пријателство во врска со што рече: „Наскоро во Газа ќе ја отвореме турската болница со капацитет од приближно 200 легла.“

Инаку, оваа болница по име „Турско-палестинска болница за пријателство“ изградена на Западниот Брег од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) за чија изградба се потрошени над 62 милиони долари, ќе ја добие титулата „Најголема и најмодерна болница на Палестина“, ќе се состои од 10 блокови т.ј. згради и ќе располага со капацитет од 180 легла.



Слични вести