Нова испорака од САД на терористичката ЈПГ/ПКК во Сирија

САД вчера во вечерните часови преку сириско-ирачкиот граничен премин Симелка и доставија нова помош на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК составена од приближно 200 шлепери

1274063
Нова испорака од САД на терористичката ЈПГ/ПКК во Сирија

Соединетите Американски Држави (САД) продолжуваат да и доставуваат воена и логистичка поддршка на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија.

САД кои досега и доставија огромна воена и логистичка поддршка на ЈПГ/ПКК вчера во вечерните часови преку сириско-ирачкиот граничен премин Симелка и доставија нова испорака на оваа терористичка организација. 

Во приближно 200 шлепери коишто беа испратени во областите под окупација на ЈПГ/ПКК, се наоѓаа градежни материјали, затворени сандаци, монтажни куќи и цистерни за гориво. 

САД на 9 септември во областите Ајн Иса и Шедади коишто се наоѓаат под окупација на терористичката организација исто така со 55 шлепери испратија затворени сандаци, теренски возила џипови и градежни машини. Претходно пак, во областите под окупација на организацијата на 4 септември испратија 60 шлепери натоварени со широки возила, градежни машини, цистерни за гориво и генератори.

САД кои изнесувајќи ја како причина борбата против терористичката организација ДЕАШ од 2015 година и даваат воена и логистичка поддршка на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, исто така моментално се уште располагаат и со свои приближно 2 илјади војници во 18 бази и воени пунктови во Сирија.



Слични вести