Во експлозија во ирачкиот град Кербела загинаа 12 лица

Во градот Кербела во јужниот дел на Ирак се случи експлозија на бомба поставена во минибус при што животот го загубија 12 лица, а 5 мина се ранети

1273695
Во експлозија во ирачкиот град Кербела загинаа 12 лица

Во експлозија на бомба поставена во еден минибус во градот Кербела (Карбала) на југот на Ирак животот го загубија 12 лица, а 5 мина се ранети. 

Според објавеното соопштение од Мрежата на медијата за безбедност на ирачкото Министерство за одбрана, градската Дирекција за здравство на Кербела соопшти дека во експлозија којашто се случи во близина на 54-тиот контролен пункт на влезот на градот животот го загубија 12 лица, а 5 мина се ранети. 

Градската Дирекција за здравство информира дека во експлозијата некои лица кои се наоѓале во возилото изгореле и дека ранетите биле префрлени на лекување во болница.



Слични вести