САД на барање на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати испраќаат војска во Заливот

"На барање на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) САД ќе испратат воени сили во Заливот" - соопшти американскиот секретар за одбрана Марк Еспер

1273864
САД на барање на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати испраќаат војска во Заливот

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер соопшти дека на барање на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) бидат испратени воени сили за поддршка на противвоздушната одбрана во Заливот.

По состанокот за национална безбедност што се одржа во Белата куќа посветен на нападот врз нафтените постројки на Саудиска Арабија „Арамко“, секретарот за одбрана Марк Еспер заедно со началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД Џозеф Данфорд одржаа заедничка прес конференција во Пентагон.

Нагласувајќи дека сите индикации покажуваат дека за нападот е одговорен Иран, Еспер истакна дека и меѓународната заедница има своја одговорност по прашањето на одбраната на меѓународните норми и правила.

Марк Еспер напомена дека Саудиска Арабија доставила барање за помош за одбрана на критичните инфраструктури и дека воедно доставиле барање и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), а и американскиот претседател Доналд Трамп одобрил да бидат испратени воени сили на САД во регионот.

Началникот на Здржениот генералштаб на Вооружените сили на САД генерал Џозеф Данфорд пак, соопшти дека силите кои ќе бидат испратени во основа ќе бидат со одбранбена намена. 

Минатата недела во сабота во 04:00 часот наутро по локално време беше реализиран напад со наоружено беспилотно летало врз две постројки на саудиската национална нафтена компанија „Арамко“ и потоа беше соопштено дека се појавил пожар.

Хусите во Јемен поддржани од Иран тврдеа дека нападот во кој немаше загинати или ранети го реализирале со 10 наоружени беспилотни летала.

Од друга страна, САД  тврдат дека зад нападот стои Иран. Властите во Техеран пак, ги отфрлуваат овие тврдења.



Слични вести