САД во обид за формирање меѓународна коалиција против Иран

Американскикот државен секретар Мајк Помпео истакна дека се во обид за формирање меѓународна коалиција против Иран за којшто сметаат дека е одговорен за нападот врз нафтените постројки на Саудиска Арабија

1273131
САД во обид за формирање меѓународна коалиција против Иран

Американскикот државен секретар Мајк Помпео по реализираниот напад врз нафтените постројки на саудиската национална нафтена компанија „Сауди Арамко“ престојуваше во посета на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Помпео во авионот на враќање од Абу Даби даде изјава за претставниците на печатот и притоа истакна дека се во обид за формирање меѓународна коалиција против Иран за којшто сметаат дека е одговорен за нападот врз нафтените постројки на Саудиска Арабија.

Тој уште еднаш нагласи дека веруваат оти зад нападот за кој станува збор стои Иран и напомена дека за неопходните мерки кои што ќе бидат преземени против Иран разговарале и во Ријад и во Абу Даби.

На едно поставено прашање во однос на тоа Дали се уште е можно да се постигне соодветен договор помеѓу САд и Иран, Помпео одговори со зборовите: „Ова е тоа што го бара претседателот Трамп. Отворено кажано ние посакуваме мирољубиво решение и мислам дека тоа и го покажуваме. Тие (Иран) соборија едно американско беспилотно летало, а сега реализираа еден многу голем напад врз енергетските извори и ние се уште се обидуваме да формираме коалиција.“

На потсетување на новинарите, во врска со зборовите на неговиот ирански колега Џевад Зариф за војна, американскиот државен секретар Мајк Помпео рече: „Јас овде сум дојден за дипломатија. Додека иранскиот министер за надворешни работи упатува закани за целокупна војна и за војување се додека не остане ниту еден Американец, ние работиме на коалиција која има за цел да се постигне мир и која предлага мирољубиво решение за овој проблем. Ова е она коешто го бара од мене претседателот Трамп да го направам, се надевам дека на тоа така ќе гледа и Исламската Република Иран. Од неговите зборови (на Зариф) не произлегува таков резултат, но се надевам дека состојбата е таа.“



Слични вести