Одговор од Марија Захарова до американскиот генерал: Неодговорна закана

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, изјавата на американскиот генерал Харигиан дека се спремни да одговорат во ист момент на евентуалната агресивност на Русија во Европа, ја окарактеризира како „неодговорна закана“

1273504
Одговор од Марија Захарова до американскиот генерал: Неодговорна закана

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на одржаната прес конференција во главниот град Москва одговори на изјавата на командантот на Воздушните сили на САД за Европа, Африка и НАТО Џефри Харигиан кој рече дека се спремни да одговорат во ист момент на евентуалната агресивност на Русија во Европа.

Захарова, ваквата изјава на американскиот командант ја окарактеризира како „неодговорна закана“ и укажувајќи на тоа дека САД се однесуваат неодговорно по прашањето на меѓународната безбедност и стабилност рече: „Ја оценуваме како неодговорна закана. САД тоа го прават неодговорно поради нивната политичка конјунктура, а можеби поради изборниот процес.“

Воедно и руското Министерство за одбрана во соопштението што го објави им оддели место на следните изрази: „Калининградската област на Русија се брани добро против агресивните планови кои што се развиваат од страна на лесноумите американски генерали.“

Инаку, командантот на Воздушните сили на САД за Европа, Африка и НАТО Џефри Харигиан пред извесно време истакна дека се спремни да одговорат во ист момент на евентуалната агресивност на Русија во Европа и дека исто така се спремни да извршат напад врз противвоздушно одбранбениот систем во Калининградската област.



Слични вести