Во напад на наоружано беспилотно летало во Авганистан загинаа најмалку 30 цивили

Наоружано беспилотно летало по грешка бомбардираше област во провинцијата Нангархар во источниот дел на Авганистан и притоа во нападот загинаа најмалку 30 цивили, а најмалку 40 мина се ранети

1272729
Во напад на наоружано беспилотно летало во Авганистан загинаа најмалку 30 цивили

Во реализиран воздушен напад со наоружано беспилотно летало во покраината Нангархар, во близина на планините Тора Бора источниот дел на Авганистан, загинаа најмалку 30 цивили, а 40 мина се ранети.

Надлежни истакнуваат дека наоружани беспилотни летала полетале за да уништат едно засолниште на терористичката организација ДЕАШ, но дека по грешка ги бомбардирале земјоделците во едно место во близина на областа.

Како што се истакнува во нападот загинале најмалку 30 цивили, а најмалку 40 мина биле ранети.

Инаку, од крајот на мисијата на НАТО силите во Авганистан во 2014 година само американските сили од силите на НАТО стационирани во оваа земја продолжуваат да се вклучуваат во операции против бунтовниците и тие обезбедуваат воздушна поддршка за авганистанските сили.

Покраината Нангархар која се наоѓа источно од главниот град Кабул е едната од најнесигурните покраини во Авганистан така што Талибан контролира некои делови од земјата близу племенскиот регион на Пакистан.

Пред извесно време авганистанските безбедносни сили поддржани и од американските воздушни сили успеаја да вратат одредена територија од бунтовниците и тоа резултираше со жестоки судири во различни делови на земјата во кои загинаа голем број лица.



Слични вести