Контрадикторни изјави од Пентагон во врска со терористичката ЈПГ/ПКК во Сирија

Директорот на Силите за борба против ДЕАШ на Соединетите Американски Држави (САД) Крис Мејер даде контрадикторни изјави во однос на присуството на терористичката организација ЈПГ/ПКК од севернот дел на Сирија

1272648
Контрадикторни изјави од Пентагон во врска со терористичката ЈПГ/ПКК во Сирија

Директорот на Силите за борба против ДЕАШ на Соединетите Американски Држави (САД) Крис Мејер на брифингот за безбедната зона што го одржа во Секретаријатот за одбрана Пентагон одговараше на прашањата на претставниците на печатот.

Мејер истакна дека продолжуваат активностите за вадење на елементите на терористичката организација ЈПГ/ПКК од подрачјето во кое Турција и САД се договорија да се формира безбедна зона.

Тој привлече внимание со своите контрадикторни изјави и призна дека во подрачјето за кое Турција и САД се договорија да се формира безбедна зона има елементи на терористичката организација ЈПГ/ПКК, а воедно напомена дека продолжуваат активностите за вадење на елементите оваа терористичката организација оттука.

Мејер застана во одбрана на тоа дека тие се одлучни да ја извадат терористичката ЈПГ/ПКК од ова подрачје и рече дека САД се приврзани кон легитимните безбедносни грижи на Турција.

Потсетувајќи дека продолжуваат активностите на безбедносните сили на Турција и САД за патролирање од воздух и копно кои што ги опфаќаат населените места Тел Абјад и Расулајн, Мејер избегна да изнесе било каков коментар по прашањето на должината и длабочината на безбедната зона во северниот дел на Сирија.

И покрај тоа што рече дека терористичката организација ЈПГ/ПКК ќе биде извадена од подрачјето, Директорот на Силите за борба против ДЕАШ на Соединетите Американски Држави (САД) Крис Мејер, во продолжението на својата изјава употреби контрадикторни изрази.

Тој застана во одбрана на тоа дека партнерството со ЈПГ/ПКК која инаку го користи името Сириски демократски сили (СДФ) ќе продолжи, а изнесувајќи ја притоа како причина терористичката организација ДЕАШ.

„На СДФ продолжуваме да им доставуваме оружје и опрема погодни за војување, меѓутоа тие специфично се наменети за борба против ДЕАШ.“ - рече Мејер.



Слични вести