Џонсон и Трамп разговараа телефонски за нападите врз саудиската нафтена компанија „Арамко“

Од владината канцеларија на „Даунинг Стрит 10“ се истакнува дека премиерот Џонсон денеска оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп посветен на нападите врз постројките на саудиската нафтена компанија „Арамко“

1272597
Џонсон и Трамп разговараа телефонски за нападите врз саудиската нафтена компанија „Арамко“

Британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Доналд Трамп остварија телефонски разговор посветен на реализираните напади врз постројките на националната нафтена компанија на Саудиска Арабија „Сауди Арамко“.

Во објавеното писмено соопштение од владината канцеларија на „Даунинг Стрит 10“ се истакнува дека премиерот Џонсон денеска оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Двајцата лидери во телефонскиот разговор се осврнале на реализираните напади во саботата врз нафтените постројки на „Арамко“ во Саудиска Арабија.

Џонсон и Трамп ги осудиле нападите и како што се наведува стоеле на тоа дека меѓународните партнери треба да дадат заеднички дипломатски одговор по ова прашање.  

Освен тоа, во телефонскиот разговор станало збор и за прашањето со Иран и притоа двајцата лидери постигнале согласност да не се дозволи оваа земја да се стекне со нуклеарно оружје.



Слични вести