Стејт департментот ги осуди двата самоубиствени бомбашки напади во Авганистан
Американскиот Државен секретаријат ги осуди двата самоубиствени бомбашки напади во Авганистан кои што беа реализирани од страна на Талибан и во кои загинаа 48 лица, а повеќе од 80 лица беа ранети

Американската администрација ги осуди нападите кои што беа реализирани од страна на Талибан во главниот град на Авганистан, Кабул и провинцијата Парван во кои загинаа 48 лица, а повеќе од 80 лица беа ранети.
Во објавеното соопштение од американскиот Државен секретаријат во врска со нападите кои што ги реализира Талибан вчера во Авганистан се истакнува следното: „Талибан со овие напади отворено покажува дека не се грижи за авганистанскиот народ и институциите. Талибан, наместо да продолжува со насилство и разрушувања кои што им нанесуваат толку сериозна штета на авганистанскиот народ и иднината на земјата, треба да покажува вистинска одлучност во однос на мирот.“
Инаку во реализирани два одделни самоубиствени бомбашки напади вчера во главниот град на Авганистан, Кабул и провинцијата Парван, загинаа најмалку 48 лица, а десетици беа ранети.
Првиот самоубиствен бомбашки напад беше реализиран во провинцијата Парван во близина на главниот град Кабул за време на предизборен митинг на кој учествуваше и претседателот Ешреф Гани, а во кој загинаа најмалку 26 лица, а 42 лица се ранети.
Авганистанскиот претседател Ешреф Гани се спаси од нападот без да здобие повреди и како што беше соопштено повеќето од загинатите беа цивили.
Од друга страна, веднаш по првиот напад беше реализиран и втор самоубиствен бомбашки напад пред еден воен камп на авганистанското Министерство за одбрана во близина на Амбасадата на САД во главниот град Кабул во кој животот го загубија 22 лица од кои 6 припадници на безбедносните сили, а 33 лица беа ранети.
Како што се дознава и во вториот нападо повеќето од загинатите беа цивили.
Одговорноста и за двата напади ја презеде Талибан.